Унгарскиот премиер Виктор Орбан, по посетата на Киев и Москва, кадешто разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин, даде интервју за германскиот весник „Билд“.
Интересен и значаен клип од тоа интервју на социјалната мрежа „Икс“, претходно позната како Твитер, сподели Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи.
„За Путин сè е едноставно. Погледнете ги фактите, изворите на енергија, населението. Путин не може да изгуби, тоа е многу логично. Ако го погледнете бројот на војници, оружје и технологија користени во војната, поразот на Русија е нешто што е многу тешко да се замисли Веројатноста дека Русија може да биде поразена е невозможно да се пресмета“, рече Орбан во тоа интервју.
Hungarian Prime Minister Orbán on how it is impossible to imagine losing to Russia:
“For Putin, everything is simple: look at the facts, energy sources, population. Putin can’t lose, it’s very logical. If you look at the soldiers, weapons, and technology used in the war,… https://t.co/tIRCJvrd22 pic.twitter.com/J37KyeC4bY— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) July 8, 2024
После тоа ги коментираше неговите разговори со Зеленски и Путин.
„Ги прашав двајцата шефови на држави (Зеленски и Путин) дали има некаква шанса да се согласат на привремено примирје што ќе ги забрза мировните преговори. Да се почне од прекин на огнот. Затоа што во моментов сите размислуваат во друга насока – тие прво сакаат да постигнат мировен договор, па дури потоа да прогласат прекин на огнот“, рече Орбан.
„И Русите и Украинците одговорија исто: Примирјето е во интерес на непријателот бидејќи за време на прекинот на огнот ќе имаат време да се реорганизираат и да се подготват за продолжување на војната“, додаде унгарскиот премиер.