(Видео) Нови снимки од Тајван: згради се навалуваат и пропаѓаат, паника во метрото, вода тече од облакодери

tajvan-zemjotres.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Тајван го погоди земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтер, најсилниот во последните 25 години. Неколку згради беа урнати. Најмалку четворица се мртви, а има и затрупани во урнатините.

Телевизиските станици емитуваа снимки од згради како се нишаат во густо населениот источен град Хуалиен, во близина на епицентарот на земјотресот.

Земјотресот, кој предизвика прекин на електричната енергија во главниот град Тајпеј, се случи во 7:58 часот по локално време на длабочина од 15,5 километри од јужниот брег на Тајван, соопшти државната сеизмолошка служба.

На повеќе снимки објавени на социјалните мрежи се гледа како некои згради се уриваат, а други силно се навалуваат и остануваат така, како и паника во метрото во моментот кога се случи земјотресот.

Објавено е и видео од големо количество вода што истекува од базен на покривот на облакодер.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK