(Видео) Њу Орлеанс се подготвува за ураганот Франсин

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ураганот Франсин денеска му се заканува на Њу Орлеанс и пошироката област на Мексиканскиот Залив, од Луизијана до Флорида и Алабама, што запре четвртина од капацитетот за производство на нафта и гас таму.



Гувернерот на Луизијана Џеф Ландри прогласи вонредна состојба пред бурата која се очекува да го погоди делот западно од Њу Орлеанс попладне. Се очекуваат пороен дожд, ветрови, а понекогаш и торнадо.

Американскиот претседател Џо Бајден исто така прогласи вонредна состојба за таа сојузна држава на федерално ниво, што ќе ги забрза неопходните операции за помош или спасување.

Неколку окрузи во близина на Заливот издадоа наредби за евакуација, а државниот Оддел за транспорт објави мапи за евакуација на областа. Градот Њу Орлеанс дистрибуира вреќи со песок на пет локации.

„Денеска се очекуваат деструктивни и опасни по живот урагански ветрови во делови од јужна Луизијана, каде што е на сила предупредувањето за урагани“, соопшти американскиот Центар за урагани.

Центарот вчера вечерта ја зголеми предвидената сила на претстојната временска непогода од тропска бура на ураган. Центарот верува дека на скалата Сафир-Симпсон, Френсин ќе остане во првата категорија на најслаби урагани, но приватната метеоролошка компанија AccuWeather верува дека и тој ќе премине во втората категорија со максимална брзина на ветер од 154 до 177 километри на час.

Бурата ќе се движи блиску до брегот на Тексас, така што многу производители на нафта и гас ги напуштија своите платформи во Мексиканскиот залив, запирајќи една четвртина од производството на енергија во областа.

Најавата за моќни бури во Луизијана ги враќа сеќавањата на разорниот ураган Катрина од 2005 година, кој го опустоши Њу Орлеанс и околните области, убивајќи речиси 1.400 луѓе и предизвика штета од 125 милијарди долари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK