Дали љубовна врска е мотив за страшното злосторство – мајката, чичкото и братот се главните осомничени за смртта на малата Нарин

Screenshot-2024-09-11-132905.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поминаа четири дена откако телото на малата Нарин Гуран беше пронајдено во потокот, а ситуацијата околу овој случај се уште не се смирува, пренесуваат медиумите во регионот.



Нејзиниот чичко Селим се наведува како главен осомничен за убиството на девојчето, а очите на јавноста се насочени и кон нејзината мајка и постариот брат.

Турските власти сега се фокусирани на три можни мотиви за убиството на девојчето.

Како најверојатен мотив за убиството со денови се зборува за љубовната врска меѓу мајката на Нарин и чичкото Селим. Сомнежите како што пишуваат локалните медиуми се дека малата Нарин можеби ги видела мајка си и чичкото во непријатна ситуација и затоа била убиена.

Сепак, чичкото Селим, кој е во притвор, ја демантирал врската.

„Не сме во врска. Нарин е ќерка на брат ми“, одговори тој.

Според медиумите, се верува дека ситуацијата околу љубовната врска ќе се разреши кога експертите ќе ги вратат избришаните пораки од телефонот на мајката и чичкото.

Кога било пронајдено телото на девојчето, прво бил приведен братот на Нарин, Енес (18).

На неговата рака биле пронајдени отпечатоци од заби за кои полицијата се сомневала дека можеби ги направила неговата помлада сестра.

Се сомневаат дека Нарин можеби видела дека нејзиниот брат и неговите пријатели го малтретираат кучето и дека ја убиле за да не каже никому што видела.

Многумина во селото тврдат дека таткото на Нарин, Ариф и чичко и Селим имале многу лоши односи.

Наводно, Селим еднаш напишал на една социјална мрежа: „Ќе те натерам да доживееш таква болка“ и дека оваа порака била наменета за неговиот брат Ариф.

Иако многумина веруваат дека чичкото можеби ја убил девојката за да му се одмазди на својот брат, тој на сослушувањето во полиција негираше.

Полицијата уште од почетокот добивала погрешни информации од роднините, поради што дел од нив биле уапсени поради попречување на истрагата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK