(Видео) Невреме во Швајцарија: три лица затрупани при одрон на карпи

poplava.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Трите лица, кои беа затрупани во одрон на карпи по силното невреме во регионот Грисонс во југоисточна Швајцарија, се уште се водат за исчезнати и се трага по нив.

Спасувачките екипи на лице место со помош на хеликоптери и дронови ја продолжуваат потрагата, соопшти полицијата. Во близина на селото Лостало била пронајдена жива жена и била пренесена во болница, додека врнежите предизвикале сериозни поплави во кантонот Вале.

„Успеавме да спасиме барем еден живот“, изјави полицаец на прес-конференција, пренесе швајцарската телевизија „РСИ“ на италијански јазик.

Невреме со грмотевици и обилни врнежи предизвикаа висок водостој синоќа во Граубинден и други области на Швајцарија.

Познатиот туристички град Зермат во јужниот кантон Вале и понатаму е отсечен од светот откако ги поплави затворените патишта и железничките линии кои водат до градот.

Полицијата апелираше да не се влегува во подрумски и подземни паркинзи и го повика населението да не се движи во поплавените зони.

Дел од автопатот на границата со Италија мораше да биде затворен за сообраќај поради лизгање на земјиштето.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK