(Видео) Најопасниот вулкан во Мексико исфрли облак од пепел и гас до три километри

Видео-Најопасниот-вулкан-во-Мексико-исфрли-облак-од-пепел-и.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Мексиканските власти издадоа жолта тревога откако вулканот Попокатепетл почна да исфрла пепел и гас во висина до три километри, јави Би-Би-Си.

Агенцијата потсетува дека речиси една недела се случуваат две до три ерупции дневно.

Попокатепетл, кој се наоѓа на 70 километри од Мексико Сити, е еден од најопасните и најактивните вулкани во Мексико.

Жителите на југот на Пуебла се предупредени да се заштитат од пепелта и да се држат настрана од вулканот.

Исфрлањето на пепел од вулканот ги принуди локалните власти во мај 2023 година да затворат училишта во 11 околни градови и привремено да ги затворат аеродромите во Мексико Сити и Пуебло, пишува Би-Би-Си.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK