(Видео) Мислев дека ќе умрам, сведочи патник од авионот што се запали

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Патнички авион на „Јапан ерлајнс“ се запали на пистата на аеродромот Ханеда во Токио откако се судри со авион на крајбрежната стража.



Пламенот избувна од прозорците на авионот, за набрзо да го проголта.

Сите 379 патници од летот 516 се евакуирани, а поранешeн пилот тоа го опиша како „чудо“. Сепак, пет од шесте лица во авионот МА722 на крајбрежната стража што се судри со патничкиот авион се водат за исчезнати.

Драматичната снимка од прозорецот на патникот покажува како авионот се движи по пистата, со чад и портокалова светлина во близина на крилата. Се слуша силен тропање од моторот додека авионот забрзува на пистата, а од внатре се слуша звук на аларм.

„Мислев дека ќе умрам“ вели неименуван патник, прикачувајќи видео од чадот во кабината, пренесе „Скај њуз“.

„Јапан ерлајнс“ соопшти дека авионот слетал во „Ханеда“ каде потоа се судрил со авион на крајбрежната стража, од кој само едно лице било евакуирано, додека не се знае што се случило со другите пет. Се запали и тој авион, а состојбата на екипажот не е позната, соопшти токиската противпожарна служба.

На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како авионот во пламен се движи по пистата. Тим пожарникари се бореше да го локализира пожарот во авионот, чиј труп беше скршен на два дела.

Сите писти на Ханеда, најпрометниот јапонски аеродром, сега се затворени.

„Пред се, треба да кажеме дека бевме сведоци на чудо. Начинот на кој ги извлекоа сите тие патници од авионот е неверојатен. Фактот што екипажот ги извлекол сите патници е чудо“ изјавил за „Скај њуз“ поранешниот пилот Роџер Витфилд.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK