(Видео) Маж во Словенија пукал од семејна куќа и отворил оган врз полицајците кои го опколиле

Видео-Маж-во-Словенија-пукал-од-семејна-куќа-и-отворил.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Полицијата во Словенија  пред 9 часот утринава добила дојава за пукање, во Драженци во близина на градот Птуј. Маж од семејна куќа пукал и во полицијата, која во меѓувреме ја опколила куќата. Напнатата ситуација траела со часови, пренесува словенечки 24 ur.

Пристигнувајќи на местото на настанот пронашле маж со оружје и постојано барале од него да го спушти. Тој одбил да го стори тоа и почнал од балконот да пука кон полицајците.

Човекот неколку пати излегол на балконот од кој испукал неколку истрели во 9 часот и 48 минути. Целта му биле и полицајците“, изјави портпаролката на полициската управа во Марибор, Анита Ковачич Челофига.

Во однос на тоа дали се точни објавите на социјалните мрежи дека мажот во куќата држи заложници, Ковачич Челофига одговорила дека полицијата воспоставила контакт со едно лице и дека нема информации дека некој друг е со мажот во куќата.

Мештаните за словенечката јавна телевизија изјавиле дека осомничениот имал многу оружје со себе.

По десет часа заврши драмата во Птуј. Полицијата успеала да го уапси осомничениот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK