(Видео) Маж во САД украл полициско возило, полицајката била внатре

sad-policija-nesrekja.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Маж во САД украл полициски автомобил. Внатре имаше полицајка

Маж во САД вчераутро украл полициско патролно возило во Лос Анџелес додека полицајката била внатре, а потоа удрил во неколку автомобили на раскрсница во центарот на градот, пишува Ен-би-си Њуз.

Околу 3 часот и 30 минути, напаѓачот влегол во патролен теренец и почнал да вози. Полицајката во одреден момент била исфрлена од возилото, информираат од полицијата. Мажот потоа при кратка бркотница удрил во неколку автомобили и скутери, а потоа го оставил возилото и побегнал. Набргу потоа бил уапсен.

За време на инцидентот повредени се најмалку три лица, меѓу кои и една полицајка, но никој од нив не е во животна опасност. Како дел од обезбедувањето, полицајката патролирала околу празните облакодери, познати како „Graffiti Towers“, кои биле нападнати од вандали.

Изградбата на комплексот започна во 2015 година, но работата запре во 2019 година кога кинескиот изведувач остана без пари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK