(Видео) Марихуаната од денеска е легална во Германија, се славеше во Берлин

slavenje-berlin-marihuana.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Голем број радосни луѓе собрани пред Бранденбуршката порта ги запалија џоинтите веднаш по полноќ за да го поздрават стапувањето на сила на новиот германски закон за декриминализирање на канабисот.

Неколку стотици видно расположени луѓе, од кои многумина танцуваа на звуците на реге музиката, чекаа со кренати запалки, штом часовникот отчука полноќ да ги запалат џоинтите. Огромен лист марихуана ја красеше бината пред знаменитоста во Берлин.

„Конечно можеме да се покажеме. Не треба повеќе да се криеме“, рече Хенри Плотке, член на германското здружение ДХВ. За него новиот закон е „олеснување“ бидејќи повеќе не се смета за криминалец.

Пушењето канабис на многу јавни места станува легално од 1 април.

Кои се правилата?

Според законот, секој на возраст од 18 и повеќе години може да чува до 50 грама дома и да носи најмногу 25 грама надвор. Пушењето трева е дозволено онаму каде што не е изрично забрането. Забрането е на игралишта, во училишта, спортски објекти, вклучително фудбалски стадиони, објекти за деца и млади и на 100 метри од влезот во овие објекти.

Во Германија со години беснее жестока дебата за декриминализацијата на канабисот. Лекарските групи изразуваат загриженост за младите, а конзервативните политичари велат дека либерализацијата дополнително ќе ја поттикне употребата на дрога.

Конзервативците ја обвинуваат владата

Симоне Борчард од опозициската конзервативна ЦДУ изјави пред Бундестагот дека владата инсистира на својот „целосно непотребен, збунувачки закон“ и покрај предупредувањата од лекарите, полицијата и психотерапевтите.

Но, министерот за здравство Карл Лаутербах рече дека сегашната ситуација повеќе не е одржлива бидејќи бројот на потрошувачи на возраст меѓу 18 и 25 години е двојно зголемен во последните 10 години.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK