(Видео) Мајка на млад човек со српско потекло, киднапиран од Хамас: Ги качија на камион и ги однесоа

Видео-Мајка-на-млад-човек-со-српско-потекло-киднапиран-од.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во терористичкиот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври, киднапиран е 22-годишниот млад човек со српско потекло Алон Охел. Неговата мајка се надева дека Србија ќе помогне да се ослободи Алон.


„Алон е невин млад човек. Ние сме како секое друго семејство. Нашето секојдневие е целосно превртено наопаку од оваа страшна реалност со која се соочуваме. Не спиеме, се будиме од кошмари“, изјави мајката на младиот човек Идит Охел за Косово Онлајн. Алон бил киднапиран на музичкиот фестивал.

„Тој е музичар, отиде на мировен музички фестивал каде имало околу 2500 луѓе. Околу шест часот наутро имаше масовен ракетен напад на областа каде што се одржуваше фестивалот. Тој и неговите пријатели се возеле до засолниште, каде што се сокриле од ракетите“, вели Охел, која дознала што се случило од пријателите на нејзиниот син.

Во тоа засолниште имало 27 луѓе кога дошле милитантите од Хамас и се обиделе да ги убијат.

„Мојот син и еден од неговите пријатели се обидоа со голи раце да ги фатат гранатите и да ги исфрлат од засолништето за да спасат луѓе. Едната експлодираше во засолништето и повреди многу луѓе. По детонацијата, терористите влегоа и го извадија син ми. Беше жив и го киднапираа со уште три лица. Ги качија на камионот и ги однесоа“, рече мајката и додава.

„Сето тоа виде неговиот најдобар пријател. Тој беше повреден и се преправаше дека е мртов со својата девојка, додека терористите пукаа во останатите во засолништето. Откако беше донесен во болница, тој ни кажа дека Алон бил киднапиран и однесен во Појасот Газа“.

Со оглед на тоа дека Алон е српски државјанин, мајката побарала помош и од српската амбасада во Израел. Таа додаде дека нејзиното семејство од страната на нејзината мајка е по потекло од Нови Сад, каде што е роден нејзиниот дедо, а побегнал на почетокот на Втората светска војна кога имал 15 години.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK