На мостот во Луисвил (САД) се случила страшна несреќа кога жена возејќи камион ја пробила оградата и видела од мостот висок 20 метри.
Откако се судрила со друго возило, жената која го управувала камионот ја пробила заштитната ограда и 45 минути висела од мостот.
По акцијата на спасувачите, таа е извлечена од кабината, а видеото од спасувањето брзо се прошири на интернет.
🚨#BREAKING: Dramatic Rescue Efforts can be seen as Semi-Truck Dangles Off the Bridge Connecting Kentucky and Indiana
Currently, a large Sysco semi-truck dangles off the Clark Memorial Bridge between southern Indiana and Louisville, Kentucky, following… pic.twitter.com/k0XGHd3TV8
— R A W S A L E R T S (@rawsalerts) March 1, 2024
Спасувачите со јаже од хеликоптерот се спуштија кај неа и со помош на скала ја спасија.
Според Би-Би-Си, спасувањето траело 45 минути.
„Таа се однесуваше како шампион“, изјави началникот на противпожарната станица Брајан О’Нил, кој ја опиша жената возач како многу смирена за време на операцијата.