Евгениј Пригожин, основачот на руската приватна воена компанија Вагнер, се појави во нова видео порака која наводно била снимена во Африка. Видео пораката е објавена на канал на Телеграм на Разгружка Вагнер, пишува Украинска правда.
Во видеото Пригожин тврди дека температурата на воздухот каде што се наоѓа е 50 целзиусови степени.
new video with Yevgeny Prigozhin appeared from Africa.
“We are working. Temperature +50°. Everything we love. The Wagner Group conducts reconnaissance and search activities. Makes Russia even greater on all continents! And Africa even more free. Justice and happiness for the… pic.twitter.com/unNuPV29v4
— Sprinter (@Sprinter99800) August 21, 2023
„Ја правиме Русија уште поголема, на сите континенти. А Африка е уште послободна. Правда и среќа за африканските народи. Кошмар за ИСИЛ, Ал Каеда и другите бандити“, рече тој.
Групата Вагнер одигра важна улога во руската инвазија на Украина и беше особено активно за време на битките за градот Бахмут во источна Украина. На крајот на пролетта тие објавија дека се повлекуваат во нивните кампови за да се опорават од големите загуби. Сепак, на 24 јуни тие започнаа вооружен бунт во Русија поради конфликт со воената команда на Руската Федерација.
Бунтот на крајот беше прекинат со интервенција на белорускиот претседател Александар Лукашенко. Пригожин објави дека неговите борци се враќаат во нивните логори, додека руските власти за возврат се откажаа од кривичната постапка против шефот Вагнер. Договорот подразбираше и дека Пригожин ќе замине во Белорусија.