(Видео) Иранците прославија по нападот врз Израел

Screenshot-2024-04-14-084234.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Нападот со беспилотни летала и ракети врз Израел беше прославен синоќа на улиците во Иран, и покрај тоа што еврејската држава објави дека таа и нејзините сојузници пресретнале огромно мнозинство од над 300 проектили.

И покрај тоа, народот на Иран излезе на улиците и го прослави првиот напад што Исламската Република го изврши од своја територија врз Израел.

Иранската мисија во Обединетите нации во официјалното соопштение посочи дека ова е крајот на одмаздата за воздушниот напад што Израел го изврши на 1 април врз иранскиот конзулат во Сирија, но ја предупреди Америка да не се вклучува на кој било начин во конфликтот меѓу Иран и Израел.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK