(Видео) Иран со шест дронови нападна американски радар во воена база во Бахреин, се огласија сирените за тревога


screenshot-2026-11-15-082732.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Иранската Исламска револуционерна гарда соопшти дека со шест беспилотни летала нападнала американски радар во база за хеликоптери во Бахреин, по што во земјата се огласиле сирените за тревога.


Министерството за внатрешни работи на Бахреин ги повика жителите веднаш да се упатат кон најблиското безбедно место.

На социјалните мрежи се појавија и снимки од нападот со дронови.

Бахреинските власти упатија апел до граѓаните и странските државјани кои престојуваат во земјата да останат смирени, да побараат засолниште и информациите за развојот на ситуацијата да ги следат исклучиво преку официјалните канали, пренесува Ал Џезира.

Во меѓувреме, Иранската револуционерна гарда соопшти дека Ормускиот Теснец е затворен и предупреди дека секој американски напад ќе биде пречекан со уште посилен и поодлучен одговор.

Засега нема реакција од Централната команда на американската војска, надлежна за операциите на Блискиот Исток, во врска со иранскиот напад врз базата во Бахреин.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK