(Видео) „Имате крв на рацете, „Фејсбук“ и „Инстаграм“ убиваат луѓе“: обвинувања за Цукерберг, кој им се извини на семејствата чии деца претрпеле насилство на мрежите

Видео-„Имате-крв-на-рацете-„Фејсбук-и-„Инстаграм-убиваат-луѓе.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Извршниот директор на компанијата Мета, која ги поседува социјалните медиуми Фејсбук, Инстаграм и WhatsApp, се извини за време на сослушувањето пред американскиот Сенат.

Поради големиот број случаи на злоупотреба и сексуална експлоатација на деца на социјалните мрежи, Цукерберг им се извини на семејствата чии членови се деца кои претрпеле насилство на мрежите.

Цукерберг стана и им се обрати на семејствата чии членови држат фотографии од нивните деца, за кои тврдат дека се „повредени“ на социјалните мрежи. Кога започна расправата, комисијата пушти видео во кое децата зборуваат за малтретирање на социјалните мрежи.

Сенаторите наведоа и голем број примери и случаи на млади луѓе кои си го одзеле животот откако биле уценети за пари откако споделиле фотографии со сексуални предатори.

Извинувајќи им се на семејствата, Цукерберг рече: „Жал ми е за тоа низ што поминавте сите вие. Низ што поминаа вашите семејства, никој не треба да го помине тоа. Затоа инвестиравме толку многу и ќе продолжиме да работиме за да бидеме сигурни дека никој не мора да преживее такво нешто“.

Извршните директори на компаниите сопственици на социјалните мрежи Мета, Икс, Тик-ток, Снеп и Дискорд сведочат пред американскиот Сенат за случаи на злоупотреба и сексуална експлоатација на деца.

Сенаторот Линдзи Греам изјави дека компанијата Мета и мрежите во нејзина сопственост – Фејсбук и Инстаграм „имаат крв на рацете“: „Господине Цукерберг, вие и вашите компании имате крв на вашите раце, вие поседувате производ што убива луѓе“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK