(Видео) И подарил цвеќе, па ја избол до смрт, бесен што нема да се помири: детали за драмата пред трговскиот центар во Велика Британија

Видео-И-подарил-цвеќе-па-ја-избол-до-смрт-бесен.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







15-годишното девојче кое почина откако беше избодено во автобус пред трговски центар во Кројдон, Велика Британија, претходно се расправало со својот убиец, поранешното момче кое се обидувало да и подари цвеќе.

Британските медиуми јавуваат дека осомничениот тинејџер со мачета и нанел смртоносни повреди на девојката.

Сè се случило околу 08:30 часот, кога девојчето одело на училиште. Лекарите брзо пристигнале на лице место и околу еден час се обидувале да и го спасат животот. Смртта била констатирана во 9 часот и 21 минути.

Очевидец на крвавото злосторство рекол дека видел како се караат момчето и девојката. Слушнал како девјчето на убиецот му одговорила дека нема да биде повече со него.

„Тој стана насилен, а потоа извади долг нож, како мачета, меч, не знам, и почна да ја прободува“, изјави сведокот.

Други очевидци тврдат дека девојката одбила да ги прифати цвеќињата кои момчето и ги понудило пред убиството. Таа наводно му раскинала еден ден претходно.

„Неколку деца излегоа на станицата, а имаше момче и девојка кои се расправаа. Тој држеше цвеќе и слушнав дека се расправаат “, изјави очевидецот.

Полицијата го приведе тинејџерот и се чека неговиот распит.

Работниците од околните локали велат дека сите избегале кога момчето извадило мачета и дека останал само возачот на автобусот.

„Видов крв како излегува од нејзиниот врат“, изјавил очевидец.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK