Мажи, жени и деца беа заробени, некои од нив биле стрелани по пат, девојчиња силувани, а имотот им беше ограбен. Станува збор за каталог на злосторства кој потсетува на некои од најмрачните моменти во еврејската историја, но сепак се случил во 21 век во земја која ја има една од најсилните армии во светот, пишува Скај Њуз.
Израел вели дека Хамас и другите палестински групи зеле околу 100 негови луѓе како заложници и ги одвлекле назад во Газа. Однесоа млади, стари, изнемоштени, жени и деца.
Еден од најлошите случаи на киднапирање е киднапирањето на три генерации од исто семејство.
Киднапирањето на семејството Бибас Силверман го снимија Палестинците и го објавија светот да види.
This is Shiri Bibas and her children, Ariel (4) and Kfir (9 mos.) from Kibbutz Nir Oz.
They were kidnapped Saturday morning along with 100+ Israelis.
This is what terrorism looks like.
🙏Pray for their safety. Bring them home.🙏#terrorism #Israel_under_attack #IsraelAtWar pic.twitter.com/XjqHE5SZGM— Israel Democracy HQ (@IldemocracyHQ) October 9, 2023
Снимката е тешка за гледање. Преплашена мајка е опкружена со мажи додека избезумено ги држи своите мали деца во обид да ги заштити. Се вика Шири. Нејзините момчиња се Ариел, кој има четири години и Кфир, кој има само девет месеци. Тие биле киднапирани заедно со нивниот татко, Јарден и нивните дедо и баба, објави Скај Њуз.
„Првиот пат кога ги видов сликите не можев да поверувам. Не можев да разберам што гледам, а потоа ја погледнав втората слика и беше многу јасно дека тоа е мојата братучетка Шири и двете мали деца“, изјави роднина на киднапираните за Скај Њуз.
Семејството не слушнало нови информации за своите најблиски ниту од Палестинците, ниту од сопствената влада.