(Видео) Експлозија уништи седум населби во нигериски град

Видео-Експлозија-уништи-седум-населби-во-нигериски-град.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Смртоносна експлозија го потресе нигерискиот град Ибадан во текот на ноќта.


„Тоа беше предизвикано од експлозиви складирани од илегални рудари“, изјави гувернерот на сојузната држава Ојо, а пренесе Би-би-си.

Две лица загинаа, а 77 се повредени во експлозијата што погоди седум населби на третиот најнаселен нигериски град. На местото на експлозијата се собрале голем број луѓе, а спасувачките операции продолжуваат.

„Се урна покривот. Мајка ми беше во креветот кога се случи тоа. Веднаш беше пренесена во болница. Ќе одам да ја посетам”, рекол еден од очевидците.

На местото на експлозијата зградите се претворени во урнатини, а возилата се уништени. Надвор од зоната на експлозијата, оштетени се прозорци и покриви на куќи. Очевидци велат дека експлозијата се случила околу 19:45 часот по локално време во станбената населба Бодиџи. Експлозијата се слушнала низ градот Ибадан, главниот град на југозападната држава Ојо.

Еден од очевидците е сликар кој работел на една од зградите што се урнала. Утрото дошол на работа и не можел да го најде својот шеф.

„Му се јавив, но не можам да стигнам до него и видов дека возилото му е уништено“, рече тој.

Гувернерот на Ојо, Сеи Макинде, на Фејсбук објави дека одговорните ќе бидат „уапсени за експлозијата“.

„Наредив здравствените трошоци на сите жртви да бидат покриени од владата“, рече тој, а потоа додаде: „Ние исто така ќе обезбедиме привремено сместување за оние чии куќи беа погодени и ќе им обезбедиме поддршка за обнова на нивните животи“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK