(Видео) Експлодира цистерна со гас во Монголија, има загинати и повредени

Видео-Експлодира-цистерна-со-гас-во-Монголија-има-загинати-и.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Во Улан Батор, Монголија, дошло до експлозија на резервоар со 60 тони гас. Има загинати и повредени, но информациите за нивниот број се различни.

Порталот „News.mn“ објави дека загинале шест лица, а десет се повредени, додека други локални медиуми објавија дека има 24 загинати, но оваа информација не е потврдена.

Противпожарни екипи, брза помош и полиција се на терен. Според изјавите на очевидци, по експлозијата пожарот брзо се проширил на околните автомобили, станбените згради и пазарот.

Локалните медиуми јавуваат дека до експлозијата довеле лошите услови за возење поради мразот.

Во тек е евакуација на жителите од околните згради.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK