Едно лице загина на аеродромот Шипхол во Амстердам откако останало заробено во моторот на авион кој почнал да работи, соопшти полицијата, пишува „Скај њуз“.
„Инцидент се случи попладнево во Шипхол, при што едно лице падна во запален мотор на авион и настрада“, објавено е на „Икс“ на профилот на Кралската воена полиција во Холандија.
Аеродромот Шипхол изрази сочувство до семејството на настраданиот.
„Загрижени сме за патниците и колегите кои беа сведоци на ова. Кралската воена полиција моментално истражува“, соопштија од аеродромот.
Се верува дека авионот бил во сопственост на авиокомпанијата КЛМ, која во соопштение наведува дека околностите се истражуваат.