(Видео) Двегодишно девојче паднало во базен во Австралија, таткото и дедото се обиделе да ја спасат

c3a7d440-63e3-478b-9b17-e7b48ad606de.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Татко и дедо се удавија во базен на хотелски комплекс во Австралија обидувајќи се да спасат мало дете.

Дармвир „Сани“ Синг (38) и Гурџиндер Синг (65) скокнаа во базенот во апартманите за одмор „Топ оф д Марк“ на Голд Коуст откако двегодишната ќерка на Синг, која си играше на работ од базенот паднала во него.

Болничарите рекоа дека мажите биле извлечени од водата од случајни минувачи, кои давале прва помош додека не пристигнале болничарите.

Сепак, тие не успеале да ги спасат мажите, а таткото и дедото биле прогласени за мртви на местото на настанот.

Девојчето било спасено, а нејзината мајка поради шокирана состојба била пренесена во болница.

„Наводно, детето изгубило рамнотежа и паднало во подлабокиот дел од базенот, поради што таткото и дедото се обиделе да го спасат девојчето“, изјавил Мич Вер, шеф на Брзата помош во Квинсленд, а пренесува „7news Australia“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK