(Видео) Два вулкани еруптираа во Италија: улиците се чистат од пепел, аеродромот затворен

fdg.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Еррупциите од италијанските вулкани Етна и помалите Стромболи, придружени со исфрлање врела пепел и лава, денеска го подигнаа нивото на тревога на Сицилија и ги принудија властите да го затворат аеродромот во Катанија.

Етна, еден од најактивните вулкани во светот, е исклучително активен во последните денови, а неговите ерупции го осветлуваат небото во близина на градот Катанија.

Италијанската цивилна заштита издаде црвен аларм за Стромболи, предупредувајќи на можно влошување на ситуацијата. Министерот за цивилна заштита Нело Мусумеци рече дека плановите за евакуација на населението во Стромболи се „во подготвеност“. Противпожарната служба на островот двојно го зголеми бројот на дежурни пожарникари.

Околу градот Катанија, на источниот брег на Сицилија, жителите и властите почнаа да ги чистат улиците од вулканска пепел. Поради вулканската пепел, пистата на аеродромот е оневозможена и откажани се сите полетувања и пристигнувања на авиони.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK