(Видео) Драма на Тенерифе: Пожар се приближува до куќите, илјадници луѓе се евакуирани

Видео-Драма-на-Тенерифе-Пожар-се-приближува-до-куќите-илјадници.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Илјадници луѓе се евакуирани поради пожар кој беснее среде топлотниот бран на шпанскиот остров Тенерифе.

Пожарникарите со поддршка од хеликоптери се борат против огнот кој избувна на овој остров, најголем во Канарскиот архипелаг, пренесува Гардијан.

Околу 3.000 луѓе се евакуирани од своите домови поради пожарот, потврдија локалните власти.

Пожарот избувна во средата попладне во област со стрмни клисури на североистокот на островот, која беше тешко опустошена од голем пожар во август, соопшти регионалната влада на Тенерифе.

Снимките и фотографиите објавени на телевизија и на социјалните мрежи покажаа дека чадот кој се издигна над еден рид почна да се приближува до околните куќи.

Местата на островот популарни меѓу туристите не се загрозени, а двата аеродроми остануваат отворени.

Од итните служби велат дека состојбата на локацијата каде што избувна пожарот е стабилна и дека будно го следат неговиот развој. Подоцна во четврток ќе одлучат дали дел од жителите на споменатите места можат да се вратат во своите домови.

Пожарот избувнал откако на островот било издадено предупредување за топлотен бран.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK