Страшна несреќа во Полска: Се судрија два воза, петмина повредени

Страшна-несреќа-во-Полска-Се-судрија-два-воза-петмина-повредени.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Два воза утрово се судрија во градот Гдиња во северна Полска, а во несреќата се повредени пет лица, соопшти итната помош.

Четири лица се пренесени во болница, додека на петтото лице му била укажана помош, пренесува „АП“.

Противпожарната бригада на Гдиња соопшти дека сите повредени се вработени во железницата.

Судирот се случил во 7 часот наутро во близина на главната станица во Гдиња, град на Балтичкото Море.

Во судирот првиот вагон на воз се превртел на страна, според фотографиите објавени во полските медиуми. Причината за несреќата се уште не е позната, јави „АП“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK