Хаос на Куба: се урна станбена зграда, најмалку три лица загинаа

Хаос-на-Куба-се-урна-станбена-зграда-најмалку-три-лица.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Најмалку три лица загинаа при делумно уривање на станбена зграда во Хавана, јавија кубанските медиуми.

Делумното уривање на трикатна зграда, што се случи во средата, во стариот кварт на Хавана популарен меѓу туристите, ги уништи становите во кои живееја 13 семејства со вкупно 54 лица, пренесува Ројтерс.

Делот од терасата што се урна затрупа неколку лица внатре во објектот.

Властите во оваа карипска земја признаваат дека ниту се во можност да вршат редовни поправки на дотраените станови, ниту да градат нови, често оставајќи бројни граѓани во опасни станбени услови.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK