(Видео) Авион полн со патници лизга по мраз и кал: морничава снимка од слетување на аеродром во Литванија

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вознемирувачко видео го прикажува масивниот „Ербас А320“ како се лизга на пистата по слетувањето на аеродромот во Вилнус во саботата по два часа патување од италијанскиот град Бергамо.



Авионот, во сопственост на литванската компанија „Авион Експрес“, очајнички се обидувал да се стабилизира бидејќи експлозија од кал и вода го погодила леталото.

Брзо реагирајќи, пилотот херој на авионот успеал безбедно да го извлече леталото надвор од пистата и во безбедна зона каде што сите патници и шестмина членови на екипажот можеле да се симнат без да пријави никакви повреди, пишува „Дејли Мејл“.

Долните делови на авионот биле оштетени, јавуваат италијанските медиуми, а инцидентот го принудил аеродромот да ги запре сите влезни и појдовни летови во саботата на околу два и пол часа пред повторно да се отвори за воздушниот сообраќај.

Фотографиите од последиците покажуваат дека авионот е покриен со кал од предниот дел на авионот до опашката.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK