Милиони Американци утрово ги пречека снег, замрзнат дожд и екстремно ниски температури кои зафатија поголем дел од САД, ставајќи крај на речиси двегодишната „снежна суша“ во Њујорк.
Се очекуваат рекордно ниски температури до -34 степени.
Најниска температура во САД е забележана во гратчето Бригсдејл, Колорадо, -38 степени.
Во Њујорк, каде речиси две години немаше повеќе од 3 сантиметри снег, жителите се разбудија во град покриен со снег. Во Централ Парк паднаа 3,6 сантиметри снег, со што ставија крај на „снежната суша“ од речиси 701 ден.
Во Вашингтон паднале меѓу 10 и 13 сантиметри, а во Балтимор и Филаделфија од 5 до 8 сантиметри.
Јужните држави исто така имаат ниски температури.
Најмалку пет лица починаа од студот низ земјата. Серијата дефекти што предизвикаа прекини на електричната енергија за време на викендот, главно се санирани, иако 50.000 корисници сè уште беа без струја во вторник наутро во Орегон.
Десетици илјади луѓе се „во темнина“ и во Луизијана, Тексас и Алабама.
Повеќе од три илјади меѓународни и домашни летови се откажани поради нестабилното време.