Млада 16-годишна девојка е хоспитализирана откако паднала на повеќе од 25 метри од жичарницата на највисокиот ски-центар во Калифорнија.
Шокантното видео покажува како тинејџерката прво се ниша, а потоа паѓа во одморалиштето на планината Мамот. Скијачите му се придружија на персоналот во одморалиштето во држење на мрежата за спасување во обид да го ублажат падот на девојчето.
Sieh dir diesen Beitrag auf Instagram an
Од одморалиштето објавија дека тинејџерката не седела како што треба на ски-лифтот и дека почнала да се „лизга“ од столот, но инцидентот предизвика гнев кај скијачите кои ги обвинија ракувачите на лифтот за небрежност.
„Татко ми и другарка ми го видоа девојчето како се лизга и веднаш почнаа да викаат да ја запре жичарницата, но на операторот и требаше речиси една минута и дотогаш таа веќе беше на висина на просечна трикатна зграда. Целосно виновен е операторот на лифтот – изјавил роднината на двајцата мажи кои биле на жичницата, објавено е на Инстаграм.
Одморалиштето на падините на Сиера Невада во Калифорнија е преполно со гости по големото количество снег што падна во јануари.
Од непознати причини гостинката не седела добро и почнала да се лизга. Други луѓе на жичарницата ја фатија и ја држеа додека операторите не го запреа лифтот. Петмина вработени и осум гости веднаш реагирале и ставиле мрежа под девојката. Кога се лизнала од рацете на луѓето што ја држеле, паднала во мрежата која го ублажила, но не го спречила нејзиниот пад. Гостинката е пренесена на прегледи во болницата, се наведува во соопштението на одморалиштето.
Сепак, скијачот кој го снимил целиот инцидент и бил зад несреќната девојка на жичарницата, за се го обвинува одморалиштето и тврди дека „спасителите“ воопшто не ја фатиле девојката.
„Целосно не успеале да ја фатат девојката во мрежата откако ја увериле дека „се е во ред“. Слушнав како велат дека никогаш досега не го правеле ова и дека не се доволно искусни за вакви ситуации“, напиша тој на Инстаграм.