Три лица се повредени во верижен судир во кој учествувале 26 возила во областа Џенимахале во турскиот главен град Анкара.
Несреќата се случила на локацијата Акепру а 26 возила кои се движеле во ист правец на коловозот кој поради дождот бил лизгав, налетале едно на друго, јавува турскиот јавен сервис „ТРТ Хабер“.
Полицијата и тимовите за итни случаи се на местото на несреќата.
Како што е соопштено, три лица биле полесно повредени во верижниот судир и на возилата им била предизвикана материјална штета.