Британската метеоролошка служба издаде предупредувања за бурата Иша со налети до 160 километри на час, што го загрозува животот во крајбрежните области.
Во предупредувањето се наведува дека тешките временски услови предизвикани од бурата Иша ќе предизвикаат прекини во сообраќајот и патувањето низ целата земја, пишува Гардијан. Претходно беше издадено предупредување за торнадо за Северна Ирска, како и за делови од Шкотска и северна Англија, кое истече во неделата доцна навечер. Околу 70.000 згради останаа без струја.
Метеоролошката канцеларија издаде две жолти предупредувања за ветер и црвено предупредување за временските услови за делови од северна Шкотска до раните утрински часови, додека железничкиот, поморскиот и воздушниот сообраќај се соочија со прекини, суспензии, откажувања и одложувања на бројни услуги.
Во Белфаст едно лице било удрено од дел од урната зграда откако поради ветерот се поместило градежното скеле, но интервенирале итните служби и му помогнале на повредениот на лице место.