Продолжува вкрстениот оган меѓу вооружените групи во Газа и Израел

gaza
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вкрстениот оган меѓу вооружените групи во Појасот Газа и Израел продолжи денеска трет ден по ред, откако беа убиени 25 Палестинци, меѓу кои и деца.







Последното насилство, кое е најжестоко од август 2022 година, почна во вторникот со израелските воздушни напади врз палестинската територија насочени кон Исламскиот џихад, кој Израел, ЕУ и САД го сметаат за терористичка организација.

Израелската армија денес гаѓаше неколку локации, вклучително и оние од каде се истрелуваат гранати.

Синоќа бил убиен командантот на Исламски џихад во насочен напад врз зграда во Кан Јунис на југот од Појасот Газа. Тој е четвртиот командант на таа организација убиен од почетокот на израелските напади.

Претставници на Исламски џихад изјавиле дека утрово биле истрелани ракети во правец на Израел, а израелската војска соопшти дека се огласиле сирени за ракетна тревога.

Од почетокот на ракетирањето од Појасот Газа во средата попладне, 507 проектили се истрелани на израелска територија, вклучувајќи 154 пресретнати од системот за противракетна одбрана, се додава во военото соопштение.

Во ракетните експлозии нема жртви.

Во Појасот Газа под контрола на исламистичкиот Хамас, Министерството за здравство соопшти дека од вторникот досега загинале 25 лица, меѓу кои и деца, а 76 се ранети.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK