Десет вагони од товарен воз кој превезувал пластични пелети и масло за јадење излетале од шините во северниот дел на Њујорк.
Два од вагоните завршија во реката, соопштија денеска градските власти.
Нема пријавени повредени и нема опасни материјали, изјави претходно денеска Том Кјуба, портпарол на компанијата Berkshire & Eastern.
„Два вагона паднаа во реката Хјусик, од едниот истече мала количина масло за јадење, а од другата пластична смола“, најави Кјуба, додавајќи дека изведувачите се на терен за да ги извлечат вагоните од реката, а целата процедура ќе потрае некое време.
Тој исто така истакна дека во тек е фундаментална истрага за причините за инцидентот, пренесува АП.
Дел од државната рута во таа област е затворена, соопштија окружните власти.
Комесарот за животна средина во Њујорк, Басил Сегос, на социјалните мрежи од местото на настанот изјави дека ситуацијата е стабилизирана и дека напорите се пренасочени кон излетаните вагони.
Оваа несреќа е втора во регионот во последните шест месеци. По излетувањето на воз од шините во Охајо, пред една година, што предизвика пожар, големите американски товарни железници објавија серија чекори за подобрување на безбедноста, но реформите заостанаа во Конгресот.