„Умреа шест бебиња, се грижам и за другите“ – доктор од „Ал-Шифа“ вели дека болницата остана без струја, кислород и вода

Лекар-од-Газа-четири-недели-не-ја-напуштил-болницата-„Сакам.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Докторот Ахмед Мокалалати денеска изјави дека болницата Ал-Шифа во Газа останала без струја, кислород и вода.



Тој рече дека во последните денови починале шест предвремено родени бебиња, наведувајќи дека е загрижен оти и други ќе умрат поради недостатокот на кислород и струја, пренесува Би-би-си.

Според него, вчера биле направени само основни операции со лесна седација, а пациентите врескале од болка.

Тој нагласи дека денеска не може да се оперираат пациенти.

Мокалалати рече дека лекарите вчера не можеле да му помогнат на еден пациент поради недостаток на опрема, вклучително и вентилатори, и морале „да го остават да умре“.

На прашањето дали израелските сили донеле медицинска помош во болницата, лекарот одговорил дека ќе ја одбие секоја помош од Израелците.

– Не убиваат 40 дена и потоа сакаат да ми понудат физиолошки раствор – изјави доктор Мокалалати.

Израелската армија сè уште не нашла индикации дека заложниците се во болницата Ал Шифа, јави Израелското радио.

Како што беше кажано, претресите во комплексот продолжуваат, јавува Си-Ен-Ен.

Израелската армија рано утринава објави дека „спроведува прецизна и целна операција“ во Ал Шифа, најголемата болница во Газа.

Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) Питер Лернер изјави за Си-Ен-Ен дека операцијата во болницата била „заснована на оперативна неопходност и разузнавање“.

Израел го обвинува Хамас дека делува под структурата на болницата, обвинение што милитантната група и болничките службеници го негираат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK