Украинските села паѓаат едно по друго, Сирски ги прекори командантите

sirski.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Серијата брзи руски напредувања ја доведоа во прашање новата одбранбена линија на Украина воспоставена по нивното повлекување од клучниот град Авдиивка и ги зголемуваат стравувањата за тактиката на Киев и ситуацијата на фронтот, пишува Си-ен-ен.

На 17 февруари Украина го објави своето повлекување од Авдиивка на низа позиции западно од градот. Сепак, три помали села оттогаш паднаа во рацете на руските сили, а Киев инсистира дека тие никогаш немале намера да ги бранат.

Но, одбранбената линија на која рече дека ќе се потпира – три села позападно – оттогаш е под силен руски напад, при што проруски извори тврдат дека Москва делумно ги окупирала сите три населби. Украина ги негира овие тврдења.

Рускиот напредок доаѓа во време кога Украина се соочува со голем недостиг на оружје, што создава егзистенцијален проблем за војниците од првата линија кои треба да користат многу помалку муниција и прашање е колку долго можат да го издржат рускиот притисок.

Во уште еден знак на зголемена нелагодност, новиот началник на украинската армија, генерал-полковник Александар Сирски, двапати минатата недела ги прекори своите подредени за лошите перформанси на оваа клучна линија на фронтот.

Во четвртокот Сирски критикуваше „одредени недостатоци“ и „погрешни оценки“ на командантите на фронтот во Авдиивка „што влијаеше на одржливоста на одбраната во одредени области“.

Во саботата, тој се врати на темата за несоодветно екипирање, сугерирајќи дека разрешил некои функционери кои „не биле свесни за ситуацијата“ и „директно ги загрозувале животите и здравјето на подредените“.

Сирски стана воен командант пред три недели, откако неговиот многу популарен претходник Валери Залужни беше сменет по неколкумесечна тензија со претседателот Зеленски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK