Повеќе од 6.000 луѓе изолирани поради силна бура: Италија ја зафати невреме, вклучен е портокаловиот метео аларм

poplavi-italija.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Италија денеска беше погодена од обилни дождови и силен ветер, а портокаловата метеоролошка тревога е на сила во два региони – Емилија Ромања и Пиемонт.

Во северозападниот алпски регион Вал д’Аоста, повеќе од 6.000 луѓе кои живеат во горните делови на долината Гресони се изолирани од неделата поради лавини, јавува Анса.

Жолтата метеоролошка тревога е на сила во 13 италијански региони – Абруцо, Базиликата, Калабрија, Кампанија, Молизе, Пуља, Лацио, Ломбардија, Сардинија, Сицилија, Тоскана, Умбрија и Венето.

Одрони се случија во регионот Лигурија во северозападна Италија, во Џенова и неговата околина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK