Украина апелира Г7 да ја осуди секоја закана за употреба на нуклеарно оружје

korsunski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Амбасадорот на Украина во Јапонија, Серхиј Корсунски ја повика Г7 да ја осуди секоја закана за употреба на нуклеарно оружје.

– Лидерите на богатите земји на Групата седум (Г7) треба да ја осудат секоја закана за употреба на нуклеарно оружје и да ветат дека ќе преземат решителна акција против таквите потези на Самитот следната недела во градот Хирошима, изјави Корсунски .


Нуклеарните тензии се зголемија од почетокот на конфликтот во Украина, а рускиот претседател Владимир Путин постојано предупредуваше дека Русија е подготвена да го искористи својот нуклеарен арсенал доколку е потребно за да го одбрани својот „територијален интегритет“.

– Потребно е да има многу јасна изјава од Г7 дека употребата на нуклеарно оружје или нуклеарен тероризам нема да се толерира и дека ќе биде пресретнато со речиси решителна акција од страна на големите сили, наведе Корсунски.

Тој упати аоел до Г7 да разговара за нуклеарната безбедност и глобалната архитектура, бидејќи и Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) и Советот за безбедност на ОН се немоќни.

– Можеби треба да се донесат дополнителни одлуки за нов систем, додаде Корсунски.

Тој додаде дека се надева на Самитот на Г7 дека ќе се разговара за напорите за обнова на Украина, при шшто ќе се ископристат замрзнатите руски средства, како и оти Јапонија ќе одигра клучна улога, со оглед на нејзиното искуство во обновата по катастрофи и војни.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK