Турски опозиционер ја прослави победата на изборите, а потоа загина при уривање на балкон

1711962392-12132688-900x523.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Членот на турската опозициска Републиканска народна партија Мехмет Палаз почина денеска во болница откако беше тешко повреден кога се урна балкон од седиштето на партијата во областа Тавас во турската провинција Денизли за време на прославата на победата на партијата на локалните избори.


Палаз, кој се здоби со повреда на главата и беше во животна опасност, беше препратен во Универзитетската болница во Памукале откако прво беше примен во државната болница Тавас, објави Џумхуриет.

Откако во неделата вечерта почнаа да стигнуваат неофицијални резултати, многу членови на партијата се собраа пред зградата на партијата за да ја прослават изборната победа, а поголема група наполни два балкони од зградата во која се наоѓа седиштето на партијата кога еден од нив се урна, при што беа повредени осум членови. од кои три се потешки.

Палаз беше заменик-шеф на партијата за областа Тавас.

Според неофицијалните резултати од локалните избори, во областа Тавас победи кандидатот на Републиканската народна партија за градоначалник Кадир Татик.

Врз основа на резултатите од 99,9 отсто од избирачките места, Републиканската народна партија победи во 35 градови на локалните избори, додека владејачката Партија на правдата и развојот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган победи во 24 градови.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK