Турист загина од удар на гром на Етна


depositphotos_310203642_s.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американски турист почина откако бил погоден од гром додека планинарел на планината Етна на Сицилија. Мажот (30), чие име не е објавено од властите, бил на активниот вулкан вчера кога почнале грмотевици, објавија италијанските медиуми.


Пожарникарите и службите за итни случаи го пронашле починатиот околу 20 часот по локално време. Тој бил во ограничена зона која повремено се користи за пристапување до врвот на вулканот. Тој бил однесен со хеликоптер во болницата Каницаро во Катанија, но бил прогласен за мртов по пристигнувањето.

Серијата неодамнешни ерупции од најактивниот вулкан во Европа го нарушија воздушниот сообраќај во областа, но исто така привлекоа голем број туристи. Властите го ограничуваат пристапот до сè поголем број области на Етна, вклучувајќи ги и повисоките падини.

Италијанската агенција за цивилна заштита предупредува дека комбинацијата од вулканска активност и ненадејни временски промени на повисоките надморски височини на планината би можела да создаде опасни услови. Етна привлекува околу 1,5 милиони посетители годишно.

Пепелта од ерупциите на Етна го покри небото над источна Сицилија во последните денови и ги попречи стотиците летови на меѓународниот аеродром во Катанија во текот на изминатата недела. Предупредувањето за воздушен сообраќај беше намалено од највисокото црвено ниво на портокалово во саботата.

 

фото/Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK