Тропска бура ја погоди Австралија, десетици илјади луѓе без струја

Тропска-бура-ја-погоди-Австралија-десетици-илјади-луѓе-без-струја.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Десетици илјади луѓе во австралиската држава Квинсленд денеска останаа без струја, два дена откако тропски циклон донесе разорни ветрови и пороен дожд.

Тропскиот циклон Кирили, бура од втора категорија, падна на брегот што се граничи со Големиот корален гребен во близина на туристичкиот град Таунсвил, оставајќи околу 66.000 луѓе без струја.

Кирили беше вториот тропски циклон што ја погоди областа откако Џаспер предизвика широка регионална штета во декември

Портпаролката на Ергон Енерџи Ема Оливери изјави дека околу 48.700 луѓе останале без струја поради циклонот.

Целта е до крајот на утрешниот ден да им се врати струјата на што повеќе корисници“, рече Оливери.

„Ќе има подолги чекања во некои оддалечени области“, рече таа, додавајќи дека повеќето прекини на електричната енергија се предизвикани од дрвја и големи гранки на далноводи.

Премиерот Ентони Албанесе вчера изјави дека војниците се во подготвеност за да помогнат во расчистувањето на областа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK