Тројца загинати и 12 повредени во самоубиствен напад на југот на Авганистан

avganistan.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Три лица загинаа, а дванаесет се повредени во самоубиствен напад пред банка во градот Кандахар, упориште на талибанците во јужен Авганистан, изјави за АФП портпарол на провинцијата.


„Утринава, се случи самоубиствен напад пред банка, три лица загинаа, а 12 се ранети“, изјави Инамула Самангани, шеф на Одделот за информации и култура во провинцијата Кандахар.

„Жртвите се цивили“, рече претставникот додавајќи дека цел на нападот биле луѓе што дошле да си ги подигнат платите во таа банка.

Нападот се случил во 8 часот по локално време во центарот на голем град на југот на Авганистан, а муслиманската земја е во рамазан, месецот на постот.

Талибанските власти бргу ја опколија областа и им забранија на новинарите да прават фотографии и видеа, како што тоа обично го прават.

Новинар на АФП видел како амбулантни возила ги земаат жртвите и ранетите на местото на настанот.

Самангани, кој бил во една од болниците каде што биле примени жртвите, негира дека има итна потреба од крв, спротивно на објавеното на социјалните мрежи.

„Тој проблем не постои. Повредените не се тешко ранети“, уверува Самангани во пораката до новинарите.

Болниците во Кандахар одбија да соопштат информации за ранетите велејќи дека им било наредено да не им даваат изјави за медиумите.

Безбедносните лица и пожарникарите бргу ја расчистија областа од нападот, каде што беа видливи траги од крв, облека, чевли и остатоци.

Бројот на бомбашки напади и самоубиствени напади во Авганистан значително се намали откако талибанците се вратија на власт во август 2021 година и е релативно безбеден.

Сепак, многубројни вооружени групи, особено џихадистите на Исламската држава, сè уште претставуваат закана.

Од почетокот на рамазан пред две недели во Авганистан беа пријавени многубројни експлозии, но талибанците потврдија само неколку.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK