Три лица се повредени, а од нив едно е во критична состојба при напад со нож кој се случил утрово на железничка станица во Париз.
Во соопштението на париската полиција се наведува дека осомничениот напаѓач е уапсен и кај него била пронајдена италијанска возачка дозвола, пренесува весникот „Фигаро“.
Париската полиција потврди дека во нападот со нож се повредени три лица, од кои двајца се во релативно тешка состојба, а третото е во критична состојба. Засега не се познати мотивите за нападот.