Кина бара Украина да ги отстрани кинеските компании од списокот на спонзори на војната

Кина-сака-да-посредува-меѓу-Иран-и-Пакистан.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Кина бара Украина веднаш да ги отстрани сите 14 кинески компании од списокот на компании кои Киев ги назначи како „меѓународни спонзори на војната“, пренесува „Ројтерс“.

Овој потег дојде откако кинескиот амбасадор минатиот месец им кажа на украинските власти дека присуството на кинески компании на споменатата листа е штетно за дипломатските односи меѓу двете земји.

„Кина цврсто се спротивставува на ставање на нејзините компании на списокот и бара Украина веднаш да ги исправи грешките, за да се отстранат негативните последици“, изјави за „Ројтерс“ портпаролот на Министерството за надворешни работи на Кина.

Од 48 меѓународни компании на украинската „црна листа“, 14 се од Кина, повеќе од која било друга земја.

Листата на Украина на „меѓународни воени спонзори“ се состои од компании кои сè уште имаат бизнис со Руската Федерација. Списокот не произведува никакво правно дејство и служи исклучиво за загрозување на угледот на компании од листата, се со цел да ги прекине нивните односи со Русија и да ги намали „финансиските и технолошките капацитети на Москва“.

На украинската „црна листа“, меѓу другите, се и кинеските компании „Алибаба“, „Стејт нафтена корпорација“, „Стејт офшор оил корпорејшн“ и „Петрохемиска корпорација“.

Киев во ноември на оваа листа ја стави и швајцарската компанија за прехранбена индустрија „Нестле“, како и германската компанија за градежни материјали „Кнауф“, поради, како што велат, продолжување на деловните и даночните плаќања во Русија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK