Тројца борци на палестинска група беа убиени во израелска воена операција на окупираниот Западен Брег во текот на ноќта. Засега нема коментар од израелската армија
Палестинското Министерство за здравство ја потврди смртта на тројца млади мажи во бегалскиот камп Балата надвор од градот Наблус, во северниот дел на Западниот Брег.
Военото крило на движењето Фатах на палестинскиот претседател Махмуд Абас, Бригадите на мачениците Ал Акса, соопшти дека загинатите се нејзини борци.
Вчера вечерта израелски војник беше полесно повреден во напад со автомобил во градот Хувара, во близина на Наблус.