Тројца осуденици егзекутирани во Иран поради вмешаност во загинувањето на полицајци за време на протестите по смртта на Махса Амини

egzekucija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Иранските власти денеска егзекутираа тројца мажи осудени за вмешаност во загинувањето на тројца полицајци за време на протестите за смртта на Махса Амини минатата година.

Маџид Каземи, Салех Мирхашеми и Саид Јагуби беа прогласени за виновни за „војна против Бог“ за време на демонстрациите во централниот ирански град Исфахан, објавија судските власти.


Уапсени во ноември минатата година, обвинетите беа осудени на смрт во јануари.

Тие беа прогласени за виновни како „членови на групи кои имале намера да ја нарушат безбедноста на земјата“.

Протестите во Иран почнаа на 16 септември 2022 година, на денот кога во болница почина Махса Амини (22), која беше уапсена три дена претходно во Техеран поради „несоодветна облека“ и непочитување на строгиот кодекс на облекување на жените во Иран.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK