Трамп пристигна во суд за да се соочи со обвиненијата за изборен заговор во 2020 година

tramp+23423423
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 Поранешниот американски претседател Доналд Трамп пристигна во федералниот суд во главниот град на САД денеска каде ќе се соочи со обвиненијата за криминален заговор со кој сакал да го измами американскиот народ со поништување на изборите во 2020 година.







Се очекува Трамп, фаворитот за претседателска номинација на републиканците во 2024 година, да се изјасни за невин, јавија американските медиуми.

Според обвинението Трамп се соочува со четири точки, вклучувајќи заговор за измама на државата, влијание врз сведок и заговор против граѓанските права. И покрај ова, Трамп во моментов води во анкетите за републикански кандидат на изборите следната година.

Републиканците во Конгресот застанаа зад поранешниот претседател, тврдејќи дека најновиот процес покажува дека САД станале „банана република“ и повторувајќи ги неговите тврдења дека се работи за мешање на државата во изборите.

Против Трамп, кој беше 45 американски претседател, веќе се водат два процеса. Во најновиот случај се соочува со азтворск аказзна од 35 години.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK