Трамп: Примив писмо од обвинителот, јас сум „мета на истрагата“ за упадот на Капитол

tramp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп објави дека денеска добил писмо од специјалниотобвинител Џек Смит, во кое тој наведува дека Трамп е „мета на истрага“ на федералната голема порота за настаните што доведоа до 6 јануари 2021 година до упад во американскиот Капитол.

„Обвинителот на Бајден во Министерството за правда, испрати писмо во кое се наведува дека сум цел на истрага на Големата порота и ми даде четири дена да се пријавам пред големата порота, што речиси секогаш значи апсење и обвинение“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“.


Обвинението ќе се однесува на обидите на Трамп да ги поништи резултатите од претседателските избори во 2020 година, кога загуби од Џозеф Бајден.

На почетокот на оваа година, Трамп доби писмо од Смит пред да биде обвинет во истрага за погрешно ракување со доверливи документи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK