Трамп по пресудата: Ова е срамота, народот ќе го каже својот збор на 5 ноември

tramp-tel.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја нарече срамота пресудата во Њујорк, со која беше прогласен за виновен за фалсификување документи за прикривање на плаќањата за замолчување на порно ѕвездата Сторми Даниелс пред изборите во 2016 година.

„Ова е срамота. Наместено судење водено од корумпиран судија“, рече Трамп во првата реакција на пресудата.

Поротата во Њујорк претходно го прогласи Трамп за виновен по сите 34 точки од обвинението, што го прави првиот американски претседател кој е осуден за кривично дело. За секоја точка од обвинението беше потребна едногласна одлука на поротата. Трамп не трепнувајќи ги гледаше од судницата додека тие се изјаснуваа.

„Јас сум многу невин човек. Вистинската пресуда народот ќе ја изрече на 5 ноември“, рече тој подоцна во ходниците на судот во Њујорк.

Нему му се заканува максимална казна од четири години затвор, иако другите осудени за такви злосторства често добиваат пократки казни, парични казни или условна казна.

Казната ќе биде изречена на 11 јули. Судијата Хуан Мерчан и даде рок на одбраната до 13 јуни да ги изнесе аргументите за пресудата, а на обвинителството до 27 јуни да одговори. Трамп ќе го чека исходот на слобода.

Пресудата ги носи САД на непозната територија пред изборите на 5 ноември, кога Трамп, републиканскиот кандидат, ќе се соочи со актуелниот претседател, демократот Џо Бајден.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK