Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран не го контактирал во врска со медиумските извештаи за прекин на мировните преговори, објави „NBC News“.
„Тоа е очекувано, бидејќи тие се подобри преговарачи од борци“, рече Трамп во кратко интервју.
„Тоа не значи дека ќе почнеме да фрламе бомби на сите страни. Блокадата останува на сила“, додаде тој, истакнувајќи дека верува дека има „премногу разговори“ и дека „молчењето би било многу добро“.
Иранската страна го најави прекинот на преговорите
Овие изјави доаѓаат откако иранската новинска агенција „Тасним“ објави дека иранските преговарачи ќе ги прекинат „разговорите и размената на пораки преку посредници“.
Агенцијата, исто така, објави дека Иран започнал целосна блокада на Ормускиот теснец и ќе го таргетира и теснецот Баб ел-Мандеб, кој го поврзува Црвеното Море со Аденскиот Залив и Индискиот Океан.