Трамп најави дека ќе се предаде на властите во Џорџија

tramp-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Доналд Трамп изјави дека доброволно ќе се предаде на судството на американската држава Џорџија, кое покрена обвинение против него, врз основа на законот за учество во криминална организација.


Доналд Трамп, кој веќе е обвинет во три различни случаи, во последните месеци се појави пред судот во Њујорк, Мајами и Вашингтон.

Иако досега успешно го избегнуваше вообичаениот процес на апсење кој вклучува земање отпечатоци и фотографирање – целото лице и профилот – Џорџија можеби е помалку простувачка.

„Без оглед на вашиот статус, ние сме подготвени да ве фотографираме“, им рече на новинарите на почетокот на август, Патрик Лабат, шерифот на округот Фултон задолжен за случајот.

Трамп ги отфрли обвинувањата на својата социјална мрежа, велејќи дека ќе биде уапсен од радикалната левичарска окружна обвинителка Фани Вилис.

„Ова е лов на вештерки оркестриран од Џо Бајден“, напиша меѓу другото Трамп.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK